Фатен крадец на дело во кумановска населба
18.05.2023 11:18
| KumanovoNews
Полициски службеници синоќа во 20.30 часот привеле 55-годишен жител на селото Младо Нагоричане, откако го затекнале додека се обидувал да одземе предмети од поранешен угостителски објект во населбата Карпош во Куманово.

„Тој се сомничи дека изминатиов месец извршил три кражби при што одзел предмети и пари. Задржан е во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.