Фатени дилери на дрога
20.02.2013 13:54
| KumanovoNews
Полицијата пронашла дрога во стан на кумановец која за продажба ја набавил од друг дилер.

Врз основа на судска наредба вчера при претрес во домот на Д.С.(36) пронајдени се пет паковки хероин, три таблети екстази, една паковка марихуана и кеси со остатоци од марихуана. Според сознанијата на полицијата Д.С. дрогата за продажба ја земал од М.Т.(20).
Двајцата ќе одговараат за “недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Сторителите и претходно вршеле дела од областа на недозволена трговија со дрога, а против Д.С се поднесувани кривични пријави за разбојништво и кражби.