×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фер е новите градоначалници да го започнат мандатот со повеќе надлежности и пари, кажа Милевски

    25.02.2021 09:18 | KumanovoNews

    Оваа година треба да се одржат локалните избори. Фер е новите градоначалници да го започнат својот мандат со веќе дефинирани правила на игра во смисла на надлежностите и средствата со кои што ќе располагаат за нивно извршување, веќе од наредната буџетска година, рече министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, на консултативниот настан со градоначалниците и други претставници од општините.

    Фер е новите градоначалници да го започнат мандатот со повеќе надлежности и пари, кажа Милевски

    - Во однос на нормативната и стратешката рамка мислам дека обезбедивме услови за побрз и  одржлив развој на локално и на регионално ниво. Со максимално ангажирање на централната и на локалните власти, но и со поголеми средства за развојни проекти можеме заедно побрзо да ги менуваме условите за живеење во сите општини,- додаде Милевски.

    Министерството за локална самоуправа како носител на политиките на рамномерен регионален развој и одржлив локален развој и децентрализација, со поддршка на УНДП и швајцарската Влада ги подготви новата Стратегија за регионален развој 2021-2031 која што е во Собраниска процедура, Законот за рамномерен регионален развој кој што Собранието го донесе на 27 јануари оваа година и Програмата за одржлив локален развој и децентрализација 2021-2026 со Акциски план кои што се готови во фаза на нацрт.

    Според Милевски ова се трите најважни документи кои што го определуваат развојот во наредниот период, и Стратегијата и Законот и Програмата, Министерството за локална самоуправа ги подготвуваше во консултација со сите засегнати страни, со ЗЕЛС, со општините, со Центрите за развој, со експертската јавност и со граѓаните. Важно е сите вклучени страни да бидат информирани и да го дадат својот придонес за да може да обезбедиме квалитетна имплементација и на Законот и на Програмата.

    - За реализација на средствата од оваа програма јавниот повик ќе го објавува Министерството за локална самоуправа, а покрај Центрите за развој на планските региони и општините, на овој повик ќе можат да аплицираат и јавните претпријатија и јавните установи основани од државата и од општините, како и високообразовните и научни институции и здруженија на граѓани, појасни Милевски.