×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фестивал на планински филм „Ехо“ утре во Занаетчискиот дом во Куманово

    04.12.2023 15:19 | Оливера Пешевска

    Фестивалот на планински филм „Ехо“ гостува утревечер во 19 часот Занаетчискиот дом Куманово. На овој фестивал се прикажуваат филмови снимени од планинари, авантуристи со намера „Ехо“ во улога на канал да ги раскаже многубројните инспиративни и едукативни приказни од целиот свет.

    Фестивал на планински филм „Ехо“ утре во Занаетчискиот дом во Куманово

    Досега изданието за тековната 2023 година го видела публиката од Скопје, Кавадарци и Струмица, а патувачкото кино ќе продолжи и низ другите градови во Македонија.

    „Ќе се прикажуваат филмови во два блока, кои во најголем дел се продуцирани оваа 2023 година. Но, ќе се промовирација на книгата „Пат“ од Нејц Заплотник, како и презентација на нашето здружение ЗПЗП „Козјак 2013“. Подоцна со мала пауза ќе можеме да погледнеме шест филмови создадени од планинари од различни земји“, изјави Марко Цветковски, член на „Козјак 2013“.  

    Првин е минатогодишното дело „До планините и назад“ на Мајк Квигли од Канада, за да во вториот блок се прикажат-„Твин Оукс“ на  Шон О'Конор од САД, „Чангабанг: Враќање на Светлечката планина“, Ник Ковалски, Нов Зеланд,„Звучен опсег“, Тими Онил, САД,„АлтаВиа 4000“, Лука Матасони и Марко Тоноли, Италија и „Поврзување на летови“, Николас Бриксл, Германија.

    Филмскиот фестивал „Ехо“ гостува по втор пат во Куманово, неодамна беа прикажани неколку избрани дела од минатогодишната селекција. Партнерството со локалното планинарско здружение е со цел споделување планинска култура во што повеќе заедници – токму таму каде има докажан однос со природата и планината, за можноста за дружење,за споделување и разменување информации,за инспирирање.

    Настанот се одржува со поддршка на Општина Куманово.