×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фестивалот „Распеано детство“ на сцената на МКЦ во Куманово

    29.05.2023 21:32 | Оливера Пешевска

    На сцената на МКЦ во четврток ќе се одржи третото издание на Фестивалот за детска песна "Распеано детство" во организација на Здружението "Етно-ризница". 

    Фестивалот „Распеано детство“ на сцената на МКЦ во Куманово

    Ова година на фестивалот ќе бидат изведени 18 нови песнички, а се продолжува со традицијата да има и меѓународен карактер. Здружението „Етно-ризница“ е вмрежено со најзначајните детски фестивалиња од регионот.

    „Ова година ќе имаме гости од Ќустендил, Бугарија, од Бујановац и Крушевац, Србија. Значи на фестивалот освен на македонски ќе се пее и на албански, српски и бугарски јазик“, вели  Драган Митевски, директор на фестивалот.

    Најголем број од дечињата кои ќе настапат се од основните училишта од градот, а се пријавувале на распишан конкурс. Поради соработката со други фестивали на детска песна ќе има и ученици од Скопје, кои сами пројавиле интерес на настапот во Куманово.

    Поради голем интерес распродадени се билетите за терминот во 19 часот, поради тоа воведени се уште два дополнителни термини во 14 и 16 часот истиот ден.

     „Билетите веќе се пуштени во продажба , во МКЦ Куманово, поранешен Кино Козјак и можат да се набават во периодот од 16 до 19 часот по цена од 150 ден“, изјави Митевски.

    Фестивалот "Распеано детство" започнал да се одржува во 1976 година и е еден од најстарите фестивали на нашите простори.  По извесна пауза Здружението „Етно ризница“ го возобновува трета година по ред. Професор Игор Трајковски е уметнички директор, а Александар Стефановски, технички директор, кој е маскота на фестивалот.

    Фестивалот доби финансиска подршка од Совет на Општина Куманово и е на календарот на Програмата за културни активности за 2023 година.