Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Филип Филиповски од Куманово е назначен за нов в.д. директор на АД Водостопанство.
„Голема чест, а воедно голема одговорност како и обврска е да се води една од клучните институции во делот на управување со водните ресурси. На предлог на премиерот Христијан Мицковски избран сум за главен извршен директор на АД Водостопанство. Благодарен сум за укажаната доверба и подготвен сум за предизвикот со кој ќе се соочам со превземањето на функцијата. Ќе работам во интерес на добрите практики кои ќе направат промени што ќе значат поголем развој на земјоделието и повеќе инвестиции во хидросистемите во Македонија“, вели Филиповски.
Филиповски економист, вработен е во АД Водостопанство „Кумановско-Липковско поле“. Еден мандат беше и директор на локалната подружница во Куманово.