Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во текот на оваа година, проектот „ЕУ за економски раст“ ќе ја отвори грантовата шема во висина од 5.5 милиони евра за поддршка на стартап компании и микро, мали и средни претпријатија со потенцијал за раст.
Проектот е ко-финансиран од Европската Унија и германското Сојузно министерство за економија и енергетика, а спроведуван од страна на канцеларијата на ГИЗ – Германското друштво за интернационална соработка во Скопје и Area Science Park од Италија.
„Проектот „ЕУ за економски раст“ има за цел низ своите активности да даде поддршка на стартап компаниите, микро, малите и средните претпријатија и организациите за поддршка на бизнисите од помалку развиените региони во Република Северна Македонија во нивниот раст и развој, да додаде вредност во нивното работење и да придонесе кон развојот на локалната економија. Во следните три години посветено ќе работиме на подобрување на конкурентноста преку зголемување на бројот на нови компании, креирање на нови работни места, подобрување на перформансите на постоечките компании како и поддршка во креирањето на нови производи и услуги во полето на зелената и циркуларната економија, иновациите, информатичката технологија.“ изјави Марк Барет, лидер на проектот.
Тимот на проектот „ЕУ за економски раст“ минатиот месец го промовираше проектот во Североистичниот, Југозападниот, Полошкиот регион и околината на Преспа, заради вмрежување на организациите за поддршка на бизнисните и локалните засегнати страни.
Главната цел беше информирање на локалните бизниси за достапните механизми за финансиска поддршка на нивниот раст и бенефитот кој тие можат да го имаат од организациите за подршка на бизнисите.
Филип Нелковски, советник за Североисточниот регион, Јован Гавриловски, советник за Југозападниот регион и Преспа, Евзи Хани, советник за Полошкиот регион, посочија дека стартап компаниите и претпријатијата треба да размислуваат во насока на тоа како да придонесат кон циркуларната економија, руралниот развој, енергетската ефикасност, дигитализацијата и иновативните решенија за модернизација на бизнисите. Фокусот на овие области ќе влијае и на креирањето на нови работни места, зајакнување на женското претпримеништво и конкурентноста на младите под 40 години.
На настанот беа присутни и претставници од страт-апи и претпријатија кои ги презентираа нивните успешни приказни и резултати во развој на туризмот, дигитализацијата, руралниот развој, женското претприемништво, одржливиот туризам, енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија, рециклирање и призводство на амбалажа од рециклирана хартија.
Од февруари 2021 година па досега, во рамките на проектните активности направено е мапирање на претприемачкиот систем во Североистичниот, Југозападниот, Полошкиот регион и околината на Преспа како и анализа на вредносните ланци кои даваат точна слика за состојбата и потенцијалот во секој од регионите.