Утре улична трка во центарот на Куманово
11.11.2025 21:40
| KumanovoNews
Утре низ центарот на Куманово ќе се одржи традиционалната улична трка во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт.
Стартот е закажан за 12 .00 часот пред Занаетчискиот дом. Ќе учествуваат ученици од второ до деветто одделение од сите основни училишта во Куманово, во машка и женска конкуренција.
Учесниците ќе трчаат на патеки со различна должина, прилагодени на нивната возраст. Најдолгата стаза ќе биде од Плоштадот до некогашниот ресторан „Рим – Париз“.
Најуспешните млади атлетичари ќе бидат наградени со медали и дипломи.
Трката се одржува под покровителство на Општина Куманово, а во чест на 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово.

