×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Флекс Кредит го донираше првото од предвидените 25 детски игралишта

    07.10.2022 23:00 | KumanovoNews

    Финансиското друштво „Флекс Кредит“ го донираше првото од предвидените 25 детски игралишта во населбата Дузлак, Штип.

    Флекс Кредит го донираше првото од предвидените 25 детски игралишта

    Според Горан Арсов, сопственик на друштвото, на овој начин се обезбедуваат подобри услови за децата.

    "Првото од 25-те детски игралишта го отворивме во населбата Дузлак. Ние како општествено одговорна компанија планираме да донираме во повеќе градови низ Македонија. За најмалите обезбедивме детски парк во кој ќе имаат можност непречено да си играат и рекреираат. Наша цел е да обезбедиме подобри услови за нашите најмили и да поттикнеме весели детски насмевки. Затоа и понатаму продолжуваме да инвестираме за нда имаат безгрижна детска игра. Ние во Флекс Кредит знаеме дека секоја насмевка е важна!", објаснува Арсов.

    Споед градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, станува збор за мултифункционален спортски комплекс со содржини за сите генерации.

    „Овој парк, изминатите години беше заборавен, но го обновивме и реконструиравме, обезбедивме игралиште за баскет со специјализирана тартан подлога, игралиште за мал фудбал со вештачка трева, терен за одбојка, како и нови детски реквизити. Просторот околу игралиштата го уредивме хортикултурно, а сега веќе е заштитен со ограда и целосно осветлен. Во овој проект Општина Штип, во соработка со општествено одговорната компанија Флекс кредит инвестираше 3.500.000,00 денари, за младите да имаат можност непречено да рекреираат и спортуваат. "