×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Флекс Кредит традиционално и оваа година ги наградува своите најдобри вработени

    07.10.2023 13:11 | KumanovoNews

      Флекс Кредит, како една водечка компанија во својата дејност, верува дека успехот и силата која ја постигнуваат зависат од посветените и инспиративни вработени. 

    Флекс Кредит традиционално и оваа година ги наградува своите најдобри вработени

    Покрај секојдневните мотивации и унапредување на најдобрите, кои ги нудат, оваа компанија традицинално на својата годишна Трговска конференција, им оддава важност и признанија на вработените кои со својата упорност и континуирана работа, постигнале најдобри резултати. 

    „Нашата цел е да им обезбедиме на нашите вработени инспирација и мотивација секој ден, го цениме трудот и способностите и тука сме да им помогнеме да се развиваат и постигнуваат врвни резултати, преку обуки, менторства и други можности кои ќе им помогнат да напредуваат во нивната кариера, но исто така мотивационата програма ја збогатуваме со наградување на нашите најдобри вработени со вредносни ваучери за фамилијарен годишен одмор во луксузни ресорти, во Грција, Турција, Тунис, Црна Гора и Бугарија“, велат од Флекс Кредит.

    Индустриската иновација е дел од идентитетот на Флекс Кредит. Затоа се едни од првите во финансиската индустрија кои воведуваат вакви бенефити за своите вработени и ги охрабруваат да бидат креативни, упорни и континуирано да работат на заеднички резултати.  
    Уште еднаш во оваа комапнија докажаа дека го разбираат значењето на своите вработени во постигнувањето на успех. Во организацијата каде иновацијата, преданието и трудот се ценат, гордо ја објавуваат програмата за наградување на најдобрите. 

    „Програма за награди на вработените има за цел да ги признае и награди нашите извонредни вработени кои доприносуваат на нашиот раст и успех. Преку оваа програма, ние сакаме да ги воспоставиме истакнувањето, иновацијата и преданието на нашите талентирани тимови. Нашиот успех како организација зависи од нашите вработени, и оваа програма е наш начин да го признаеме нивното влијание. Со заеднички труд и визија, ние можеме да продолжиме да растеме и да постигнеме големи нешта.“

    (ПР Текст)