×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фокусот кон вработените на прво место - Флекс Кредит организираше незаборавен тим билдинг за своите вработени

    30.06.2023 13:47 | Сузана Николиќ

    Флекс Кредит како водечка компанија во финансиската индустрија, неодамна организираше неколку возбудливи настани за вработените кои беа поделени во неколку групи, чија цел беше подобрување на соработката, комуникацијата и целокупниот тимски дух во компанијата.

    Фокусот кон вработените на прво место - Флекс Кредит организираше незаборавен тим билдинг за своите вработени

    Настанот кој беше наменет за колегите од Дирекцијата и колегите од трговската структура од Северо - западниот реон, се одржа во The Beetles Club Скопје, каде што вработените уживаа и се дружеа со цел градење на позитивна работна средина. Паралелно во Струга и Дојран се организраа уште два тим билдинзи за колегите од Источниот и Јужниот реон.

    Настаните опфатија активности дизајнирани да ја поттикнат тимската работа, решавање на проблеми и креативност. Од возбудливи предизвици на отворено до интерактивни групни вежби, вработените имаа низа динамични искуства кои ја истакнаа моќта на соработката и силата на единството.

    „Силно веруваме дека кохезивен и ангажиран тим е основата на успехот на нашата компанија. Овој настан овозможи вработените да се дистанцираат од секојдневните рутини и да изградат поцврсти врски со своите колеги“, кажуваат од Секторот за човечки ресурси и регинолните менаџери на Флекс Кредит кои дадоа се од себе, за на својот тим да му овозможат едно прекрасно искуство.

    Посветеноста на Флекс Кредит цели кон поттикнување позитивна работна средина и негување на силни тимски врски, водејќи се со мислата дека ангажираните и мотивирани вработени се движечката сила на успехот како и континуирано инвестирање во иницијативи кои промовираат тимска работа, развој на вработените и просперитетна корпоративна култура.

    Флекс Кредит е небанкарска финансиска компанија специјализирана за издавање на краткорочни заеми, со фокус на иновациите, квалитетот и креирање на позитивно корисничко искуство. Компанијата се етаблира како лидер во индустријата, користејќи ја експертизата на својата талентирана и амбициозна работна сила, продолжуваме со испорачување на исклучителни производи/услуги на клиентите во Република Македонија.