Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фондацијата за култура и спорт Куманово денеска потпиша меморандум за соработка со локалните медиуми во градот. Договорот го потпишаа директорите на телевизиите Нова и Феста, радиата Браво и Албана и интернет весникот Kумановоњуз.
Фондацијата има потреба од медиумско покривање на културните настани во градот и делот на спортот и затоа се одлучивме за ваква соработка. Познато е дека се она што ќе се случи, а нема да се пренесе во јавноста исто како да не се случило. Затоа се надевам дека оваа соработка ќе даде квалитет во информирањето на граѓаните, во однос на културните манифестации во градот-рече директорот на фондацијата Нино Величковски.
Сопствениците на медиумите се заблагодарија на довербата и се обврзаа да дадат свој придонес за објективното и навремено информирање на граѓаните на Куманово.