×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фондација за култура или ПР-агенција?

    05.04.2012 14:43 | KumanovoNews

    Советниците на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница, Фондацијата за култура ја  нарекоа   ПР-агенција, која организира општонародни веселби и кулинарски манифестации.

    Фондација за култура или ПР-агенција?

    Опозицијата во Советот, денеска ја обвини Фондацијата за култура и спорт, дека во нејзиното едногодишно постоење не ги оправдала очекувањата и целта за која е формирана. Според советниците на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Трајановски и Бране Петрушевски, Фондацијата станала приватна ПР-агенција на градоначалникот, која организира само програми за свечено пуштање во употреба на објекти, општонародни веселби и мега концерти, наместо да обезбедува донации за културни настани и манифестации. За нив е неприфатливо, врв на културните достигнувања во градот да биде одржување на кулинарските манифестации Чваркијада, Пивтијада и Празијада.

    Во Општината постои Сектор за култура и    спорт, кој вакви програми во целост по обем, структура и динамика ги исполнуваше минатите години. Кога се формираше Фондацијата нејзината цел беше да прибира сретства од приватниот сектор. Од 6,5 милиони денари, нема ниту денар сретства од надвор, туку само буџетски пари од Општината. Тогаш се прашувам со која цел постои ваква удвоеност на функциите, која е намената на Фондацијата, која што не ја остварува основната цел во прибирање на сретства, ниту во програмските цели- вели Трајановски.

    Наспроти ова, директорот Нино Величковски, смета дека Фонадацијата за култура и спорт, во согласност со нејзините делегирани надлежности успешно ги реализирала културните настани што биле предвидени со програмата, а што советниците ја изгласале мината година. Тој нагласува дека Фондацијата не е профитабилна организација и дека спонзорствата ќе бидат обезбедени тогаш, кога ќе се донесуваат квалитетна програма на културни настани.

    Ние реализиравме 75 проценти од вкупната програма, што е голем успех, и со самото тоа е оправдано постоењето на Фондацијата. Нашата работе меѓу другото е и менџерска, бидејќи многу е важно за колку пари ќе се договорите со пејачите и групите за предвидените манифестации, а колку ќе останат за другите проекти. Ние тука имаме извонредни резултати, бидејќи музичките ѕвезди доаѓаа во Куманово за многу пониски цени од реалните, бидејќи контактиравме директно со нив, а не преку нивните менаџери. Во однос на квалитетот не одличуваме само ние, туку и одборот на фондацијата и самите советници. Тие изгласаа одржување на Празијада, Чваркаријада и другите слични манифестации и сега не знам зошто тоа им смета. Ние само го спроведуваме тоа што тие го изгласале- вели Величковски.

    Како резултат на богата културна програма, Куманово е добитник на престижна награда во Париз за развој на културата во регионот, која ќе и биде врачена наредната недела.

    Директорот Величковски најави дека во оваа година работата на Фондацијата ќе биде сконцентрирана на организирање на повеќе манифестации на младите уметници.