Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Форум на жени на СДСМ Куманово, донираше постелнини во Општата болница Куманово.
- На ваков начин ние сакаме да ја покажеме нашата хуманост, и пред се` поддршката на здравствените работници во борбата против ковид-19. Сакаме да им се заблагодариме за нивната пожртвуваност и истрајност во оваа битка и борба за секој човечки живот. Во пресрет на новогодишните и божиќните празници сакаме да ја потикнеме хуманоста кај нашите сограѓани, да ги повикаме на совесно и одговорно однесување и почитување на мерките за заштита од овој опасен вирус. Преку грижа за нашето здравје и го штитиме здравјето на сите околу нас, така ќе им изразиме благодарност, поддршка и почит за работата на нашите здравствени работници, изјави претседателката на Форумот на жени, Соња Тодоровска.