Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Зимата и снегот пристигнаа и во Куманово. Градот од ноќеска е зафатен со врнежи од снег, кој не преставува да вее ни во текот на денот.
Снежната покривка не е голема, но ги израдува граѓаните, а го разубави празничниот амбиент во градот. Завеана со снег е и големата новогодишната елка и дрвајата околу неа на градскиот плоштад.
Според најавите на метеоролозите, денеска ќе преовладува облачно време со врнежи од снег, а ќе дува северен ветер.