×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фотографка освои две награди во Србија

    15.08.2015 16:23 | KumanovoNews

    Марина Крстиќ, фотограф од фото клуб “Куманово“,  неодамна освои две награди на меѓународна изложба на фотографија во Србија, на која учествуваа повеќе од 300 фотографи од 60 земји.

    Фотографка освои две награди во Србија

    “ Бев пријатно изненадена кога пристигнаа резултатите од изложбата Градац фото. Иако ова не ми е прва награда, оваа година самиот факт дека на изложбата има пристигнато автори од 60 земји ми ги прави овие награди посебно драги. Особено сум горда што моите фотографии се така високо рангирани на светско ниво, со што успевам да го претставам градот Куманово, а воедно и Македонија во најдобро светло“ - вели Крстиќ.

    Истовремено фотографот Владимир Јовановски врз основа на реномето кое го има изградено, беше избран како член во жири комисии на две меѓународни изложби во Чачак и во Прага. Дел од активностите на фото клуб “Куманово“ е подготовка на трета по ред Фото школа, која и оваа година ќе биде бесплатна. Курсистите ќе имаат можност да се стекнат со теоретски и практичен дел од областа на уметничка фотографија.

    Исто така клубот ќе биде организатор на изложба на фотографија насловена како “Куманово и кумановци”,  на која ќе можат да учествуваат сите љубители на уметничка фотографија. Со оваа изложба клубот ќе почне да прави архив на фотографии, кои го отсликуваат Куманово и неговите граѓани во тековната година.