×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Французи во посета на Кокино

    24.04.2015 07:29 | KumanovoNews

    Француски ученици и професори, дојдени на размена во Гимназијата “Гоце Делчев“ вчера ја посетија опсерваторијата Кокино.

    Французи во посета на Кокино

    Гостите од градот Дује, деновиве биле на настава во Гимназијата, ги посетиле Охрид, Скопје и Бигорскиот манастир. Тие направиле проект за презентација за парк во нивниот град и опсерваторијата Кокино, која ќе биде ставена  под заштита на УНЕСКО.

    “Според агендата на ред ни е Кокино да се посети. Ќе одиме да видат што Кокино претставува. Водиме 14 ученици и тројца професори. Оваа наша дружба трае веќе неколку години“- изјави Маргарита Теодосиевска, професор по математика во билингвалните паралелки.

    Французите велат дека Македонија е мала, но убава земја каде се топло пречекани од домаќините.

    “Посетивме повеќе интересни места. Многу сме среќни поради нашиот престој овде. Ова ни е прва година да начекаме сонце, во оваа убава земја Македонија“- вели Сандрин Дина, професорка.

    Учениците забележале дека образовниот систем и стандардот се многу поразлични од оној во нивната земја, но им се допаѓаат местата кои ги посетиле.

    “Кокино е убаво и уникатно. Вчера правевме проект за него. Во Скопје има многу статуи“- рече Верџир Родолф, ученик.

    Француските ученици една недела престојуваат во домовите на кумановските професори од Гимназијата и кај учениците, за да ја запознаат македонската култура, традиција, начин на живеење.