×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фудбалери се степале на натпревар па нападнале полицаец

    29.09.2014 08:46 | KumanovoNews

    Играчи се степале на фудбалски натпревар, а кога полицаецот сакал да ги раздели се нафрлиле врз него.

    Фудбалери се степале на натпревар па нападнале полицаец

    Инцидентот се случил во саботата попладне на фудбалски натпревар помеѓу ФК „Башкими“ и ФК„Карпош“ на игралиште во селото Шупли Камен. Кога фудбалерите почнале физички да се пресметуваат на терен излегол полициски службеник за да воспостави ред. Тогаш неколку лица го нападнале и го фатиле за вратот, па почнале да го влечат за униформата. При тоа нанеле телесни повреди.  За да ја спречи тепачката полицаецот во воздух испукал три куршуми од службениот пиштол, по што напаѓачите се разбегале. Во СВР-Куманово сам се пријавил Д.Х.(23) од Куманово, кој бил учесник во нарушувањето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.