×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ФЗОМ: Невработените побрзо да се пререгистрираат

    04.08.2011 13:40 | KumanovoNews

     Од Фондот за здравствено осигурување информираат дека многу е слаб одзивот  за пререгистрација на невработените лица носители на здравствено осигурување.

    ФЗОМ: Невработените побрзо да се пререгистрираат

    Иако законскиот рок истекува на 1 септември, засега оваа обврска ја исполниле само 20.073 лица, од вкупно 247.774 лица носители на здравствено осигурување, односно 8.1%  лица извршиле пререгистрација.

    Со измените на законот од 01.09.2011 за невработените лица кои извршиле пререгистрација, буџетот на Македонија преку министерството за здравство, ќе продолжи да плаќа за здравствено осигурување.

    Потребните документи за пререгистрација на невработените кои примаат сини картони се наоѓаат на шалтерите на ФЗОМ и на веб страницата на Фондот.