Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во подрачните школи на основното училиште „Коцо Рацин“ во кумановските села Габреш, Градиште, Кокошиње и Кучкарево, оваа учебна година ќе има само по едно прваче.
Овие деца ќе учат во комбинирани паралелки заедно со повозрасните ученици.
Во училиштата во овие села стандардно имаме по 1,2,3 првачиња. Бројката на првачиња е мала како резултат на намалениот наталитет - вели Лидија Пешевска, директорка на „Коцо Рацин“.
Сепак во училиштата во Пчиња, Клечовце, Умин дол, Љубодраг, Горно Којнаре, Табановце има солидна бројка на првачиња, а истото важи и за училиштата во општина Старо Нагоричане.