×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Галаба Давчевска нова директорка на училиштето „Кочо Рацин“

    15.08.2023 14:59 | Оливера Пешевска

    Галаба Давчевска, наставничка по одделенска настава, назначена e за в.д. директорка на основното училиште „Кочо Рацин“ од Куманово.

    Галаба Давчевска нова директорка на училиштето „Кочо Рацин“

    Таа доаѓаа на местото на досегашната директорка Лидија Пешевска, која замина во пензија, откако должноста ја извршуваше повеќе од два мандата.

    Давчевска работи повеќе од 33 години во образованието, а на должноста е назначена во текот на јули.

    „Кога стапив на функција директор, колегите беа на годишен одмор, училиштето беше помирно и колешката Пешевска можеше да ми пренесе дел од нејзините искуства, насоки и упатства на што би требало да обрнувам внимание во работата. Сега полека се загрева и забрзува атмосферата, и новата училишна година е на прагот, па и обврските се зголемуваат и бараат детално внимание за се да биде како треба на 1 септември“, изјави Давчевска.

    Новата директорка има многу планови за доградба, реконструкција и поправки во училиштето, комуницира и со наставниот кадар и со родителите, се со цел да се подобрат условите за работа, настава и вонучилишни активност.

    „Имаме големи надежи и желби, но можностите се ограничувачки. Секако колегијалната атмосфера е најбитна, но и соработката со родителите е на завидно ниво. Се работи за најголемото и најреномирано училиште во моментов во општината и единствено кое што се уште расне. Само кај нас секоја година се зголемува бројот на новозапишани деца“, истакнува Давчевска.

    Таа вели дека е спремна е да одговори на новиот предизвик.