Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од заедничкото владеење на Максим Димитриевски и ВМРО-ДПМНЕ во изминатите три години во Куманово, граѓаните видоа само празни ветувања и проекти кои ги дадоа пред изборите, велат од партијата левица Куманово.
„Дел од проектите и ветувањата во овие 3 години веќе требаше да бидат завршени. Во предизборната програма од 2021 година, Максим ветуваше развој на гасификациона мрежа до индустриски капацитети во село Доброшане, во населба Карпош, индустриска зона Новини и Речица како и гасификација на домаќинствата. Во неговата програма тој ветуваше намалување на цената за приклучок на гасоводна мрежа. Наместо тоа, граѓаните добија цена на приклучок зголемена за 55%. Реалноста е дека сите три локации се оставени без гасификација, а од гасификацијата на домаќинствата останаа само раскопани 200 метри од улица Видое Смилевски Бато од август 2024 до денес. На Максим еднаш му поминаа неговите празни ветувања, но трпението на кумановци е при крај. Лажните патриоти од ДПМНЕ и ЗНАМ очигледно не знаат дека татковината полесно се сака во дом приклучен на реализиран и евтин гас“, велат од Левица.