Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
З.П.(50) сопственик на фирмата и М.П.(55) одговорно лице во “Вис Про Инженеринг“ не обезбедиле соодветни услови за работа, поради што работник од струен удар се здобил со повреди на главата.
При крајот на јуни годинава, фирмата “Вис Про Инженеринг“ од Куманово го испратила работникот во населба Бабин Дол, при што при поставување на метална шипка го допрел струјниот далновод, и бил исфрлен од струјата, по што се здобил со тешка телесна повреда во пределот на главата.
Тие ќе одговараат за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ односно „предизвикување општа опасност“.