Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Генералот Киро Галазовски, командант на Здружената оперативна команда на АРМ ќе биде кум на здружението Карпино за прославата на празникот Водици и манифестацијата „Пивтијада 2012„, што по десети пат ќе се одржи во Куманово.
Кумството дошло како резултата на долгодишна соработка помеѓу здружението и АРМ.
Ние уште од првиот ден на нашето формирање имаме одлична соработка со АРМ, и по 10 години се наместија работите генерал да биде кум.Оваа година тие изразија желба да направат војничко гравче кое ќе се служи за ручек на 18 јануари, денот кога ќе се примопредава кумството и ќе се варат пивтиите- вели Влајко Стојчевски сопстевник на ресторанот „Грација„ и член на „Карпино„ .
Оваа година армијата ќе донесе и војнички шатори за да се заштитат масите од неповолните временски услови. При тоа ќе следува богата култутно-уметничка програма од сите генерации, со учесници од градинките до пензионери. Организаторите најавуваат и изненадување за јубилејот.