×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Генералниот директор на Таргет Груп, Огнен Огненоски меѓу 40-те најуспешни бизнис лидери во ЈИЕ

    19.09.2022 09:11 | KumanovoNews

    Генералниот директор на Таргет Груп, Огнен Огненоски е избран за еден од 40-те највлијателни и најуспешни бизнис лидери во Југоисточна Европа (ЈИЕ) под 40 години. 

    Генералниот директор на Таргет Груп, Огнен Огненоски меѓу 40-те најуспешни бизнис лидери во ЈИЕ

    Официјалната промоција се одржа во Истанбул, а со членството во ексклузивниот „Business Elite’s Executive Club”, наградените се приклучуваат на светската бизнис елита како дел од мрежата на најуспешни и најамбициозни бизнис лидери од светот. 

    „Ми претставува огромна чест и задоволство што го добивам ова признание во тесна конкуренција на огромен број успешни и докажани претприемачи од 10 држави во Југоисточна Европа. Позади овој успех стојат повеќе од 40 вработени низ ќерките компании на „Таргет Холдинг“, како и повеќе од 20-тина надворешни деловни партнери. Клучот на успехот е вербата во него, максимална фокусираност и напорна работа за остварување на зацртаните цели“, рече Огненоски. 

    Оваа година „Таргет Груп“ прославува јубилеј – 10 години од основањето. 

    „На оваа претприемачка патека зачекоривме заедно со мојот бизнис партнер Бојан Џиков на само 25 годишна возраст – и можам да кажам дека благодарение на нашата чиста визија и посветеноста на нашите вработени успеавме да постигнеме премногу низ годините. Нашата платформа со бонитетни информации – БизнисМрежа.мк достигна повеќе од 1500 корисници низ државата и светот. Таргет Холдинг бележи континуиран раст на приходите и само оваа 2022-ра година очекувањата се вкупните приходи да се зголемат за над 60 отсто во однос на 2021 година, со што се вбројуваме во една од најбрзо растечките компании во државата. Наша главна цел за стратешки развој во периодот кој претстои е позиционирaње на пазарите во САД и ЕУ преку нашата компанија ТГН Софтвер Солушнс. Оваа компанија е задолжена за развој на софтверски апликации и преку стратегијата на технолошки партнери веќе имаме низа на успешни старт-ап приказни со повеќе милионски инвестиции и овие продукти ќе бидат во многу блиска иднина претставени на пазарите во САД и ЕУ. Воедно, развиваме многу конкурентна платформа – берза за транспорт, која ќе биде претставена на пазарот низ Европа на почетокот од 2023 година, a овој иновативен проект е поддржан и од Фондот за иновации и технолошки развој“, нагласи Огненоски. 

    Ексклузивната „40 under 40” награда претставува едно од најпопуларните и најпрестижните признанија во светот на бизнис лидерите и често е првиот поттик на многу успешни светски познати личности.