×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Георгиевска: Да се одложат извршните решенија за МТВ

    07.10.2013 11:40 | KumanovoNews

    Стечајните работници денеска протестираа пред подрачната единица на УЈП во Куманово со барање да се одложат извршните решенија за неплатени сметки за радиодифузна такса.

    Георгиевска: Да се одложат извршните решенија за МТВ

    Тие објаснуваат дека повеќе од година дена не биле во можност да ја платат таксата за МТВ за што им се собрале суми од 2.000 до 3.000 денари.

    Не бараме од УЈП да не ослободат, туку да се пролонгира додека и ние не најдеме наше решение. Ќе бидеме принудени да го браниме имотот кој сме го стекнале во едно убаво време, кај било кој стечаец ако се појави извршител. Ако дојде извршител кај мене, сите стечајци ќе дојдат и ќе го бранат мојот имот. Не може нас некој да ни зема, а ништо да не ни дава. За јавниот оглас во Македонски шуми морам да потенцирам дека ниту еден стечаен работник нема примено на ниво на Македонија. Синоќа се слушнав со координаторите од другите градови. Од нашето здружение има 56 стечајци кои конкурирале - изјави Лилјана Георгиевска, претседател на УНИТ.

    Таа објаснува дека и лани имаа сличен проблем, но УЈП направи компромис и ги одложи извршните решенија.

    Ако надлежните не го прифатат барањето за одлагање на извршните решенија, стечајците ќе протестираат пред МТВ или во крајна линија пред Собранието на Република Македонија со поставување на шатори.

    Утре во 10 часот раководителката на УЈП Куманово ќе ги прими стечајците за да и го достават барањето.