Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Јасмина Георгиевска е повторно избрана за претседателка на локалниот Форум на жени на општинската организација на СДСМ Куманово. Георгиевска е именувана од претседателката на Форумот на жени на СДСМ Јована Тренчевска.
„Форумот на жени на СДСМ Куманово остварувајќи ја програмата на Форумот на жени на СДСМ, продолжува посветено кон унапредување на родовата еднаквост која е гарант за напредокот на општеството. Ја поттикнуваме застапеноста на жените во општествениот живот и во политиката. СДСМ секогаш креира политики за подобрување на положбата на сите жени. Во следниот период претстои избор на заменик - претседателка, секретарка на Форумот како и координативно тело на општинскиот Форум на жени на СДСМ. Сакам да се заблагодарам на претседателката и на Форумот на жени за укажаната доверба да продолжиме заедно во остварување на зацртаните цели“, изјави Георгиевска.
Георгиевска е дипломиран правник, раководител во УЈП Куманово.