×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Германска компанија ќе гради ветерници на потегот Куманово- Старо Нагоричане - Крива Паланка

    01.06.2021 09:12 | KumanovoNews

    Германска компанија доставила документи за стратешка инвестиција за изградба за ветерен парк на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка од 400 мегавати.

    Германска компанија ќе гради ветерници на потегот Куманово- Старо Нагоричане - Крива Паланка

    Премиерот Зоран Заев на ТВ Клан кажа дека се работи за компанијата ВПД (WPD) и  вложувањата би изнесувале 500 милиони евра.

    „Следен проект е германската инвестиција за 400 мегавати ветерна електрана во вредност од 500 милиони евра, инвестиција согласно Законот за стратешки инвестиции. Инвеститорот го достави целиот пакет на документација во Владата и веќе завршуваат финалните преговори. Позитивно е тоа што овде немаме обврска ниту за фидинг тарифи, ниту за премиуми. Се работи за инвеститор кој има веќе 5.000 мегавати изградено од кои што овде на Балканот се 500 мега-вати ветеренци. Ќе направиме се да постигнеме договор и да влеземе во Парламентот со Законот за стратешки инвестиции“, објави Заев на прес-конференција на промоцијата на Интервентниот план за инвестиции 2021-2027.

    Премиерот оваа инвестиција ја најави на почетокот на годината, кога кажа дека германска компанија врши истраживања на теренот за да утврди дали има услови за изградба на ветерници на потегот помеѓу Куманово и Крива Паланка.

    „Веруваме дека ќе се потврди дека има доволно ветер за да се реализира оваа инвестиција од 500 милиони евра“, кажа тогаш Заев на прес-конференција, за вложувањата во обновливите извори на енергија.

    Во селата Малотино и Мг`ленце, општина Старо Нагоричане, локалните жители кажуваат дека веќе се поставени првите ветерници.

     (Фото:Кумановоњуз - Од минатогодишните истраживања на теренот дали има услови за изградба на ветерници во село Малотино )

    (С.Н.)