×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Германска компанија ќе гради ветерници од Куманово до Крива Паланка, инвестицијата е 500 милиони евра

    12.10.2021 13:02 | Жаклина Цветковска

    Германската компанија ВПД ќе гради ветерна електрана на потегот Куманово-Старо Нагоричане-Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра, во стратешко партнерство со македонската влада.

    Германска компанија ќе гради ветерници од Куманово до Крива Паланка, инвестицијата е 500 милиони евра

    Премиерот Зоран Заев денеска најави дека инвестицијата за изградба на 415-мегаватната ветерна електрана ќе се реализираат преку проектот „Вирови“.

    „Ова е најголемата директна гринфилд инвестиција во македонската економија од независноста до денес и најголемата германска инвестиција во земјата. На полињата од Куманово до Крива Паланка ќе има 69 ветерни турбини, а сега Македонија има само 16“, изјави Заев на денешната презентација на проектот.

    Проектот треба да биде готов за шест години, а договорот за стратешко партнерство меѓу македонската влада и ВПД е на 45 години. Нема да се користат никакви повластени тарифи од државата, а на овој начин со електрична енергија ќе се снабдуваат 290.000 домаќинства. Овој проект е повеќе од половина од предвидените 700 мегавати со стратегијата.

    Германската амбасадорка Анке Холштајн ја пофали владата за привлекувањето на странски инвестиции за обновливи извори на енергија и кажа дека проектот ќе овозможи годишно намалување од 310.000 тони јаглерод диоксид.