Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Германска компанија врши истраживања на теренот за да утврди дали има услови за изградба на ветерници на потегот помеѓу Куманово и Крива Паланка.
Премиерот Зоран Заев кажа дека станува збор за голема инвестиција од компанија која има искуство и во други земји во регионот.
„Се прават мерења за околу 400 мегавати ветерници на потегот Крива Паланка-Куманово, каде што германска компанија која има портфолио од 5.000 мегавати ветерници, само 500 во Хрватска. Веруваме дека ќе се потврди дека има доволно ветер за да се реализира оваа инвестиција од 500 милиони евра“, кажа Заев на денешната прес-конференција, за вложувањата во обновливите извори на енергија.
Искористувањето на природниот потенцијал е приоритет во земјата , па ветерници веќе има изградено во Богданци, а ќе се градат и во Демир Капија, Кочани и Дебарца.