×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Гимназија „Гоце Делчев„:Екстерното тестирање се одвива во сомнителни и нерегуларни услови

    26.01.2015 15:46 | KumanovoNews

    Осумдесет професори од гимназијата „Гоце Делчев„, кои се членови на СОНК, во отворено писмо до јавноста се сомневаат во регуларноста на екстерното тестирање што денеска 5 професори го спровеле во училиштето.

    Гимназија „Гоце Делчев„:Екстерното тестирање се одвива во сомнителни и нерегуларни услови

     Писмо го објавуваме во целост:

    Почитувани родители, ученици, колеги и граѓани,

    Отворени писма од ваков вид веќе беа објавени од дугите училишта, па затоа чувствуваме должност и потреба и ние, како членови на СОНК, да ви се обратиме за да појасниме одредени актуелности поврзани со штрајкот во образованието.

    Имено, некогаш возвишениот лик на учителот и наставникот се најде во сенка на општествениот хаос. Со години наназад молчеливо ги проголтуваме наметнатите апсурдни обврски наметнати од Министерството за образование. Сега е крајно време да се стави крај на ова неправда. Нашите барања се познати, но искривни од страна на јавните медиуми што доведе до дополнителна забуна во јавноста. Нашиот штрајк се одвива веќе 5 дена, а Министерството не одговара на поканата за дијалог со СОНК и се однесува како ништо да не се случува во образованието, туку преку ноќ донесува закон за заменски наставници. Се прашуваме какво ли е чувството да бидеш наметната замена на твојот наставник?

      Згора на тоа, само во нашето училиште и покрај прекинот на извршување на работните обврски, тече екстерното тестирање кое се изведува со помош на 5 колеги кои не штрајкуваат, од вкупно 85 наставници, и тоа во крајно сомнителни и нерегуларни услови со несогледливи последици врз наставниците и учениците. Во ниту едно училиште во  Куманово екстерното тестирање денеска, понеделник, 26 јануари, не се спроведува. А, токму екстерното тестирање е клучната причина за нашиот штрајк.

    Пред сè, бараме укинување на казните од екстерното тестирање кои за наставникот значат 15% од личниот приход во времетраење од 12 месеци. Тоа директно се коси со Законот за работни односи кој пропишува казна од 15% за најсериозно прекршување на работните обврски во период од 6 месеци. Доколку наставникот има отстапки двапати во својот работен век, следува отказ од работното место.

    Од друга страна, резултатите од екстерното тестирање најмногу го оштетуваат ученикот бидејќи необјективно им го намалуваат или зголемуваат просекот бидејќи директно влегуваат во сведителствата, а се случува и ученици со недоволен (1) да завршат година и со такви нелогични свидетелства да одат да се запишат на универзитети, иако ученик со слаба оценка не би требало да заврши година, а право за ревидирање на оценката од екстерното тестирање не постои. Со истото ученикот си создава лажна слика за своето знаење вон криетриумите за оценување по 4 тежински ниво, како што всушност се оценувани во тек на целата учебна година од наша страна.

    Свесни сме и подготвени да го издржиме ризикот, притисокот и последиците, но и подготвени да истраеме до крај во нашите барања. А, дали нашето Министество е свесно за сериозноста на ситуацијата? Дали МОН бара решение, но не во вид на изнаоѓање на заменски наставници, под притисок, не преку спроведување на екстерното во екот на штрајкот, туку во вид на вистински и квалитетни реформи во кои наставникот ќе биде соработник, а не непријател? Ако учителот е личен пример за ученикот, тогаш ние, членовите на СОНК при Гимназијата „Гоце Делчев“ Куманово, гордо истакнуваме дека ги учиме како се чува човечкото достоинство.

    Со почит,

    Членови на СОНК од Гимназијата „Гоце Делчев“ Куманово