×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Гимназијалец иновираше систем “Паметна куќа“

    27.05.2014 10:51 | KumanovoNews

    “Паметна куќа“ овозможува сопственикот преку Интернет да има увид што му се случува дома додека тој е надвор од него

    Гимназијалец иновираше систем “Паметна куќа“

    Марио Величковски, ученик во прва година во Гимназија “Гоце Делчев“, освои прва награда со проектот “Паметна куќа“ на државниот натпревар на Народна техника за млади истражувачи во Скопје.

    Иновацијата “Паметна куќа“ овозможува сопственикот преку Интернет да има увид што му се случува дома додека тој е надвор од него. При тоа може да  провери дали сите електрични апарати се исклучени, колкава е температурата во собите и да се добие известување доколку избувне пожар во некоја од просториите. Тогаш алармниот систем го детектира пожарот и испраќа порака до сопственикот.  

    На проектот Величковски работел шест месеци и целта му била со еден ваков проект да им го олесни секојдневното функционирање на граѓаните.

    - Замислата ми беше целосно да се автоматизира управувањето на една куќа. Имам проблем, ако сум отишол на гости, а ми треба бојлер или греење ладење, ќе си вклучам од телефон за кога ќе стигнам дома се да биде во ред. Веќе имам направено мала макета на “Паметна куќа“ и размислуваме дома да го вградиме системот. Со мали измени може ова да профункционира во секоја куќа - изјави Марио Величковски.

    Величковски има повеќе награди за информатичко програмирање, и разгледува идеи за нови проекти кои ќе бидат корисен новитет за граѓаните.