×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Гимназијата на албански јазик чека мислење од Владата

    26.01.2010 14:43 | KumanovoNews

     Советот на родители за отварање на гимназија на албански јазик во Куманово, се закани дека  ќе организира протести доколку Министерството за образование и наука наскоро не  даде одобрение  за создавање на новото училиште.

    Гимназијата на албански јазик чека мислење од Владата

     На денешната прес-конференција, родителите потсетија дека постапката за основање на новиот субјект, средно училиште - гимназија во зградата на поранешен ЗИК ја започнале  пред 2 години. Во меѓувреме предлогот поминал на Совет на Општината, а исполнети се просторните услови, бројот на паралелките и наставничкиот кадар предвиден со законот.

      - Од наши извори дознавме дека документот заглавил во министерството, а треба да помине на Седница на Влада. Потоа да се врати на општинските служби, кои  треба да го реализираат барањето. Проблемот е во тоа што процесот се одолговлекува и го надмина нашето трпение, бидејќи целата работа трае над две години. Сакаме да го потсетиме министерот и неговите соработници да си ја вршат работата - вели Мемет Азири, претседател на  Советот на родители. 

    Доколку од министерството не одговорат набрзо, родителите дополнително ќе се договорат за видот на протестите.

      Владата  треба да даде мислење врз основа на кое потоа Општината ќе постапува за отварање на новото училиште. Новото општинско средно училиште- гимназија на албански јазик ќе биде во зградата на ЗИК,а како посебен правен субјект ќе прерасне од диосперзираните паралелки на албански јазик од гиманзијата „Гоце Делчев„.

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk