„Гитаријада 2019“ вечерва во Занаетчискиот дом во Куманово
29.11.2019 10:30
| KumanovoNews
Во Занаетчискиот дом во Куманово, вечерва во 18.30 часот, ќе започне „Гитаријада 2019“ во организација на „Арт Атак“.

Вечерта ќе ја отворат кумановските рок ветерани кои ќе ги возобноват своите бендови: Лектира, Ека Ника, Илинден, Берлински зид, Тумба...
Потоа ќе настапат и бендови од соседните држави Црна Гора и Србија, како и бендовите "Wardencliffe", Куманово, "Misantrope", Битола, "Cursed Heart" Куманово, "Inner Hate", Кичево, "Halfgod", Кичево, "Zima Blue", Велес , "Fiction", Скопје, "Ruststained" Скопје, "Rubin", Куманово.
Влезот е слободен.