Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ц.С. (63) од Куманово се здобил со сериозни повреди по телото и завршил во болница, откако неговиот сосед го удрил со метелна прачка.
Инцидентот се случил вчера во 14 часот во селото Младо Нагоричане кај месноста „Коленац“, кога Ц.С. се ретнал со неговиот сосед З.Ѓ. (50). Тогаш започнале расправија за меѓусебни недоразбиарања, по што З.Ѓ. физички го нападнал Ц.С., удирајќи го по рака со метална шипка со која работел, и му нанел тешка повреда. На Ц.С. му е укажана лекарска помош во Општа болница Куманово, по што е пренесен во Државна болница Скопје, каде е задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.