Го избол со нож па побегнал
А.А.(48) од с.Лопате, синоќа бил нападнат и повреден со нож од Ф.С.(34) од с.Лопате. Инцидентот се случил околу 21 часот, додека А.А. се движел со неговото автомобил форд Ескорд, низ селото.

Кога дошол на место викано „Бетонски Мост“ го пресретнал од Ф.С., и го запрел. Притоа му ја отворил предната лева врата од возилото и по кратка расправија, Ф.С. извадил нож и додека А.А. седел на возачкото седиште, му нанел убодни рани во пределот на двете потколеници и убодна рана на левата рака во пределот на надлактицата, по што побегнал. Причина за нападот биле меѓусебни недоразбирања. Од страна на СВР-Куманово со Ф.С. е обавен разговор и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.