Го потрупала земја додека копал бунар
26.12.2011 14:54
| KumanovoNews
Анѓел Т. (53) од Свети Николе вчера бил затрупан со земја додека копал бунар во селото Градиште. Несреќата се случила во 13 часот во м.в. „Карадаци„, додека Ангел и Љ.С.(60) од Скопје, работела во бунарот на М.С..

Додека копале се одронила земјата и двајцата ги затрупала. Притоа Анѓел починал на лице место, додека Љ.С. се здобил со тешка телесна повреда и е пренесен и задржан на лекување во Општа болница-Куманово. Увид на лице место извршиле екипа од СВР Куманово, Истражен судија и Зам. јавен обвинител , а по наредба на Истражниот судија телото на починатиот е дадено на обдукција.