Го претепале зетот затоа што ја оставил сестра им
02.05.2014 10:49
| KumanovoNews
Б.Д.(27) и Х.Д.(20) од село Лукаре во кругот на Општа болница го претепале зетот, бидејќи се разведувал од нивната сестра.

Тие го повикале А.Љ.(40) од Куманово да дојде во кругот на болницата по што го нападнале. Б.Д. со дрвен предмет го удирал по главата и телото. Поради сериозноста на повредите А.Љ. е пренесен во Клинички центар во Скопје.
Б.Д. ќе одговара за тешка телесна повреда, а Х.Д. за сторено кривично дело учество во тепачка.