×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Годишен концерт на Mладинскиот фолклорен ансамбл „Срма“

    22.06.2022 19:37 | Сузана Николиќ

    Младинскиот фолклорен ансамбл „Срма“ утре во 20.30 часот ќе оддржи целовечерен годишен концерт на платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово. Реприза на  концертот ќе има во петок во 19.30 часот во големата сала на Центарот за култура. 

    Годишен концерт на Mладинскиот фолклорен ансамбл „Срма“

    На концертот ќе бидат прикажани кореографии кои изминатиот период играорците ги работеа заедно со нивниот кореограф Марјан Бошковски. Како и секоја година, специјални гости ќе бидат КУД „Лукавац“ од Босна и Херцеговина и КУД „Топлица“ од Србија.

    Детско младинскиот фолклорен ансамбл „Срма“ од Кумоново, е формирано во 1977 година во поранешниот Дом на пионери „29 Ноември“ во Куманово, а денеска е матична форма при НУ Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово.

    Фолклорниот ансамбл „Срма“ брои околу 120 члена и има учествувано на многу интернационални, меѓународни и републички фестивали и тоа: Франција, Италија, Шпанија, Шведска, Германија, Романија, Полска, Украина, Молдавија, Грузија, Грција, Кипар, Турција, Бугарија, Албанија, Унгарија и низ сите градови на нашата држава. Ансамблот се има закитено со многу гранпри први места награди, признанија на меѓународно учество на фестивали и има три пати добиено најголемо признание на градот Куманово „Ноемвриска награда“.

    Годишниот концерт на Ансамблот „Срма“ е во организација на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“- Куманово, а е поддржан од Годишната програма за 2022 година од страна на Министерството за култура и Општина Куманово.