Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Годишните даночни пријави до Управата за јавни приходи од денес можат да се поднесуваат по електронски пат.
Пријавите може да се поднесуваат на веб страницата на УЈП со пополнување на личните податоци и со обезбеден електронски потпис од овластениот издавач КИБС и Македонски телеком.
Од Управата за јавни приходи појаснуваат дека електронскиот потпис што го користат банките за целите на е-банкарство исто така можат да се користат и за е-даноци, доколку се издадени од Македонски телеком и КИБС. Граѓаните кои имаат потпис за користење електронски услуги на други институции, како што се Агенцијата за вработување, Царинската управа, Централниот регистар може да го користат и за е-даноци.
Крајниот рок за поднесување на Годишната даночна пријава е 15 март 2012 година. Задолжително треба да поднесат Годишна даночна пријава сите кои текот на 2011 година издавале под кирија станбен или деловен простор, склучиле авторски договор, исплатена дивиденда или камати, оствариле капитална добивка од продажба на хартии од вредност на берза и добивка од игри на среќа.