Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипи на ЈП „Водовод“ Куманово работат на отстранување на дефект на водоводната мрежа на ул.11 Октомври, во близина на хотел Куманово. Дефектот бил пријавен утринава пред 8 часот, откако по улицата потече река од вода.
Оперативците со механизација кои работат на санирање на пукнатата водоводна цевка, велат дека го лоцирале дефектот и се надеваат дека со работа ќе завршат за неколку часа. Од водоводна мрежа е исклучена зградата на улицата и неколку куќи во околината.
„Не би требало да ни одземе повеќе од 2-3 часа, еве веќе работиме. Најголем проблем е што над водоводните цевки се поставуваат кабли за електрична енергија, па мора да работиме околу нив. Но се ќе се среди и водоснабдувањето ќе се нормализира за неколку часа“, изјавија работниците.
Во претпријатието биле пријавени уште неколку дефекти на водоводна мрежа, но екипите се веќе распоредени и се трудат да ја завршат работата во најбрз можен рок. Се работи и на санација на канализациона мрежа, но тоа се најавени и однапред планирани интеревнции.
(фото. кумановска горила)