Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од денеска и официјално започна бесплатниот градски превоз во Куманово. Сопствениците на претпријатијата кои го организираат превозот велат дека постои голем интерес од граѓаните за негово користење.
„Пријатно сме изненадени дека уште на првиот ден граѓаните максимално го користат градскиот превоз. Интерес има за сите линии, автобусите се полни, иако децата се на распуст. Дивите превозници денеска останаа без работа. Се надевама дека така ќе продолжи и во наредниот период“, изјави сопственикот на „НИМ Травел“.
Тој додава дека превозот на сите 27-линии се одвива редовно и без проблеми, а се надева дека така ќе продолжи и по празниците.
За потребите на граѓаните отворен е Диспечерски центар за општински линиски превоз на патници, кој се наоѓа на приземје во Трговскиот центар Гарнизон. Лично или на тел. 031/444-003 граѓаните од 8 до 16 часот ќе можат да ги пријават сите проблеми и да добијат информации поврзани со бесплатниот превоз.
Бесплатниот јавен превоз ќе трае 6 месеци, а ќе го вршат приватни превозници кои веќе имаат дозвола и договор за работа за превоз во Куманово. За таа услуга од општинскиот буџет ќе им бидат исплатени 30 милиони денари или околу пола милион евра.
Предлог - одлуката за субвенционирање општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово беше едногласно усвоена од советниците од власта и опозицијата.
2008 - 2023 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk