×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Голем интерес за бесплатно мерење на очен притисок

    07.04.2012 15:07 | KumanovoNews

     Началникот на очното одделение Алид Алипи, прегледал околу 200 граѓани, а кај дел е откриен очен притисок и заболувања кои можат да предизвикаат сериозни проблеми на видот доколку не се лекуваат навреме.

    Голем интерес за бесплатно мерење на очен притисок

    Лекарски тим од Општата болница Куманово, денеска на Градскиот плоштад, бесплатно мереше очен притисок на граѓаните. Началникот на очното одделение Алид Алипи, прегледал околу 200 граѓани, а кај дел е откриен очен притисок и заболувања кои можат да предизвикаат сериозни проблеми на видот доколку не се лекуваат навреме.

    Очниот притисок е еден од главните причини за појава на глаукомот, многу опасна болест, која е втора по предизвикување на слепилото. Овие акции се отганизираат за да се анимира населнието да се заинтересира за своето здравје, во конкретниов случај за очите. Постои огромен интерс кај граѓаните и за два сата прегледавме околу 200 граѓани, а од нив голем е бројот на сомнителни случаи. Ова е нов апарат за мерење на очниот притисок и многу лесно се врши, но далеку е од  прецизно мерење, но се дава орентационата состојба, по која пациентот се упатува на детален преглед во здравстените установи - вели промариус Алипи.

    Симболичната акција за одбележување на Денот на здравјето се спроведува на иницијатива на Министерството за здравство.

    Слична акција се организирала минатиот месец, на Недлета за борба против глауком.