Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Десет граѓани и 11 фирми и институции, се во конкуренција да ја добијат престижната општинска награда „11 Ноември„. Комисијата за доделување на награди и признанија при Советот на Општината ќе одлучи кој од предложените кандидати заслужува да се закити со признанието.
Предложени кандидати се: Халим Хима, Боби Серафимовски, Фадиљ Шабани директор на ЈП „Пазариште„, Анка Данаиловска уметник, Љубиша Николиќ директор на гимназија,Ѓорѓи Спасовски, Мирослав Крстевски, Божана Трајковска поетеса, Момчило Антевски директор на „Перо Наков„, Мимоза Андоновска лекар, ОУ „Магдалена Антова„, ОУ „Толи Зордумис„, Корнер етно-гостилница „Баба Цана„, дискотека „Версај„,ресторан Рим-Париз, списание Корени, фабрика за чевли „Биана трејд„, Фото кино „Козјак„,ЈП „Куманово-гас„, Теритиријална противпожарна единица Куманово и радио Браво.
Оваа година имаме пријавено 21 кандидат, од разни свери на општественото живеење.Комисијата секоја година има тешка задача, бидејќи е неблагодарно од толкав број на кандидати да се одберат само неколку. Но ние ќе направиме напори наградата да не се девалвира, и они што ќе ги добијат да бидат навистина заслужни и успешни во она што го работат- изјави Александра Георгиевска претседателка на комисијата.
Комисијата за доделување на награди и признанија нема ограничување колку поединци или фирми може да награди, и одлуката ќе ја соопшти најдоцна утре.