×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Голем пожар во атарот на селото Руѓинце - се слушаат детонации од напуштена просторија во Димонце

    05.09.2023 18:35 | Оливера Пешевска

    Голем пожар на отворено попладнево изби во атарот на с. Руѓенце, Општина Старо Нагоричане.

    Голем пожар во атарот на селото Руѓинце - се слушаат детонации од напуштена просторија во Димонце

    На терен интервенираат противпожарни единици на Старо Нагоричане, Куманово, Ранковце и Кратово, а ангажирани се еден полициски хеликоптер и еден авион на Дирекцијата за заштита и спасување.

    Ненадејниот силен ветер брзо го раширил пожарот поради што е изгубена почетната контрола врз него. Огнот веќе стигнал до селата Димонце и Бељаковце.

    „Детонации се слушаат од напуштена помошна просторија во атарот на селото Димонце каде се префрли огнот од Руѓинце кое е зафатено од голем пожар. Во селото Бељаковце засега нема изгорени куќи, пожарот е до првите куќи во Бељаковце, изгореа една стара напуштена куќа и една дрвена плевна“, истакна Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи.

    Според сознанијата, можно е да се работи за материјалот салонит, кој пука под дејство на висока температура. Сепак се одвојуваат парчиња и тие делуваат како шрапнели, па за екипите кои интервенираат постои реална опасност.

    Во моментов гори широк појас во еден дол, екипите се распоредуваат за да се спречи ширење на огнот, а хеликоптерот и ЕР тракторот ќе летаат се додека условите тоа го дозволуваат.

    „Работиме на терен, правиме се што можеме но би се воздржал од било какви прогнози. Ни временските услови не ни одат на рака, има силен ветер, а нема прогноза за можен дожд кој би помогнал во гаснењето“, потенцираше Ангелов за Кумановоњуз.