×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Голем пожар во Руѓинце и Бељаковце ,пожарникарите на на терен и во текот на ноќта

    28.08.2023 20:33 | Оливера Пешевска

       Пожарникарите на Старо Нагоричане се обидуваат да воспостават контрола над огнот кој денеска во попладневните часови избувна во атарот на селата Руѓинце и Бељаковце.

    Голем пожар во Руѓинце и Бељаковце ,пожарникарите на на терен и во текот на ноќта

    Навремената интервенција го спречи загрозувањето на селото Руѓинце. Но, и покрај напорите на екипите на Територијалната противпожарна единица пожарот и понатаму се шири, па можеби ќе биде потребна и воздушна подршка.

    „Бидејќи е веќе доцна за полетување на воздухоплови, дадени се насоки да се побара засилување и во текот на ноќта да се обезбеди селото Бељаковце кон кое се движи еден крак од пожарот. Пожарникарите од Старо Нагоричане, Куманово и Кратово ќе дежураат во близина на ова село“, изјави Стојанче Ангелов,директор на ЦУК.

    Според ситуацијата на терен во текот на ноќта ќе биде донесена одлука дали, кога и кои воздухоплови ќе бидат употребени за гаснење на овој пожар.

    Пожарот избувнал денес,некаде во 15.30 часот на територијата на  Општина Старо Нагоричане.