Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Познатиот специјализиран салон за очила - oптика „Стил“, кој се наоѓа во Трговскиот центар „Сума“, организира голема наградна игра и изненадувања за своите потрошувачи, заради промоција на новата колекција и по повод престојнатата летна сезона.
Сите потрошувачи коишто ќе направат сметка над 1500 денари во било која од продавниците во трговскиот центар „Сума“, се стекнуваат со право да учествуваат во наградната игра и можат да бидат потенцијални добитници на наградата. Најсреќниот ќе добие ваучер во вредност од 12 илјади денари, кои може да ги потроши во оптика „Стил“. Големата наградна игра започна на 5 мај а ќе трае до 5 јуни.
Оптика „Стил“ располага со голем асортиман на светски познати брендови на очила за вид и очила за сонце, кои можат да бидат идеален подарок за вас и вашите најблиски. Сите производи можете да ги купите по поволни цени, кои се прилагодени на можностите на купувачите.
Оптика „Стил“ покрај очила за сонце, врши и монтажа и сервисирање на диоптриски очила и очила за вид. Станува збор за внимателно одберени производи со проверен квалитет, по најстрогите критериуми на струката и естетиката.
„Ние сме тука за сите на кои им е потребна нашата помош при избор на рамки, стакла и совети. Диоптриските рамки се со врвен квалитет и со гаранција. Нашите производи се истовремено практични и модерни. Што се однесува до очилата за сонце имаме: класични, дискретни, маркантни, модерни, трендовски, со квалитетно заштитно стакло за сонце, за сите вкусови и за сечиј џеб“, - велат сопствениците.
Од оптика „Стил“ ве покануваат да ги посетите и да си одберете убави очила за лето или за подарок по пристапни цени, да се уверите во нивната стручност и професионалност, како и беспрекорна и брза услуга, а воедно и да учествувате во наградната игра.
Гледајте го светот со квалитетни очила од оптика „Стил“.
Информации на тел. 075/ 910 830.
(комерцијален текст)