×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Голема посетеност на презентацијата на армиските воздухоплови, возила и опрема на „Аџитепе“

    21.05.2023 18:28 | Оливера Пешевска

    Голем број на граѓани од Куманово и околните градови, денеска имаа можност одблиску да видат дел од воздухопловите, возилата и опремата кои ќе бидат дел од вежбата „Брз одговор 23“. 

    Голема посетеност на презентацијата на армиските воздухоплови, возила и опрема на „Аџитепе“

    Воено-техничката опрема беше изложена на спортскиот аеродром „Аџитепе“, а на манифестацијата присуствуваа дел од македонските армиски сили, Националната гарда на Минесота, претставници од Аеро клубот Куманово, Противпожарната единица и членови на општинската администрација.

    „Тука со нас се и нашите партнери од САД и поголемиот број на летала кои ќе бидат користени за вежбата, популарните апачи, блекхок, чинок и Ми-8 од армијата на Македонија. Дополнително и сите оклопни возила кои ќе бидат користени како од македонската армија така и од армиите учесници на вежбата“, изјави потполковник Јонче Лазаревски, офицер од примарна одговорност за организација на вежбата „Брз одговор 23“.

    Вежбата се одржува на Криволак, а со цел зближување со цивилното население одлучиле дел од опремата да ја изложат и во Куманово. Од армијата на САД сметаат дека ова е добар настан за кој самите замолиле да имаат можност да прикажат дел од нивнта опрема на граѓаните на Македонија.

    „Ова се многу слични настани како што имаме и дома, возбудени сме поради можноста за градење врски со заедницата и зајакнување на меѓународните партнерства. Од мојот батаљон имаме хамви, вооружени возила, антитенковско оружје, возила за извлекување,теренски болнички возила и лесни оклопни возила“, истакна потполковник Леди Бејта,од Армијата на САД.

    Од возилата и опремата граѓаните можеа да се запознаат со возила од видот„Хамви“ со различен вид вооружување, специјализирани АБХО и амбулантно возило, Лесното тактичко оклопно возило „JLTV“, оклопни возила „Кобра“ и „Хармелин“ Падобранска опрема, Алпинистичка, Нуркачка, АБХО и друга опрема. Меѓу изложените средства беше и роботизираното софистицирано возило т.н.„PROJECT ORIGIN“, кое е во пробна употреба на Армијата на САД и претставува платформа за тестирање и демонстрација на нови технологии.

    Општина Куманово на настанот учествува со свои претставници од Аеро клубот Куманово, Противпожарната едница и учениците од гимназија "Гоце Делчев".

    „Пресреќен сум ,гледам дека има голем интерес кај кумановци, дури има граѓани и од други градови.Секако и во иднина Општина Куманово ќе се обиде, заедно со наши заинтересирани партнери да организира вакви настани“, изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

    Како дел од цивилно воената соработка, на спортскиот аеродромот можеше да се види и изложба на цртежи на учениците од средните кумановски училишта, а беше присутна и музичка изведба од оркестарот од Гимназија “Гоце Делчев”.

    Вежбата „Immediate Response 23“ која официјално отпочнува , утре ќе биде најголема реализирана вежба во Република Северна Македонија оваа година, со учество на Армии на 4 НАТО земји и една партнерска земја: Република Северна Македонија, Соединетите Американски Држави, Албанија, Црна Гора и како земја-партнер на НАТО Косово,со вкупно околу 1850 учесници.