×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Големи дефекти на водоводната мрежа три дена ги оставија без вода жителите на „Никола Тесла“

    18.05.2021 12:28 | KumanovoNews

     Жителите на улицата „Никола Тесла“, три дена се без вода, поради честите и големи дефекти на водоводната мрежа.

    Големи дефекти на водоводната мрежа три дена ги оставија без вода жителите на „Никола Тесла“

    Тие се жалат дека од недела наваму немаат вода ни елементарни услови за нормално функционирање на нивните домаќинства, па се плашат дека можат да фатат некоја заразна болест на високите температури.

    Водата ја снема во недела, дојде пред малце ама колку ќе трае не знаеме. Инаку овие денови купувавме вода за пиење, а за перење и капење нема збор. Првиот ден имаше пукната цевка на почетокот на улицата и ја правеа до денес. Не знам зошто им требаше толку време. Ова не e првпат, постојано имаме вакви проблеми, цевките се стари и треба да се сменат“, вели Сунчица Давидовиќ- Павлова, која живее на оваа улица.

    Директорот на ЈП „Водовод“ Горан Стојковски, потврди дека жителите на „Никола Тесла“ и поширокиот реон кон населбата Долно Којнаре се без вода веќе три дена. Причина за тоа е што на три различни места пукнала главната цевка на водовоната мрежа, па морале постојано да интервенираат.

    „Во недела прво пукна цевката на бр.41, во понеделник на бр.17 и од сабајле на бр.11. Сега сите дефекти се санирани и водата е пуштена. Дали ќе има нови дефекти не можеме да знаеме, но ние редовно итервенираме и го покриваме нашиот дел од работа“, објаснува директорот Стојковски.

    Тој вели дека честите дефекти во овој дел на градот се должат на тоа што водоводната мрежа е изградена во 1962 година за напојување на домаќинставата на жителите на улицата „Никола Тесла“, но со ширење на градот таа е продолжена  кон Долно Којнаре,   изградена е без испустни вентили, без регулатори на притисок, поради што старите цевки и дотраената мрежа не можат да го издржат големиот притисок за денешните потреби.

    Стојковски додава дека Општина Куманово има изработен проект за реконструкција на водоводната мрежа од почетокот на оваа улица до последните куќи во селото Долно Којнаре, а во тек се преговори од Светска банка за аплицирање и добивање на средства за овој проект. Кога тоа ќе се заврши не знае точно.

    (С.Н.)