Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Гордана Грговска, наставник по одделенска настава е нов в.д. директор на Основното училиште „Крсте Мисирков“ во Куманово.
Таа доаѓа на местото на Филип Колевски, професор по физичко воспитување во истото училиште.
Грговска три децении работи во училиштето и вели дека работата што ја очекува не и е непозната.
„Знам како функционира училиштето и административните протокли затоа што порано бев заменик директор. 32 години сум вработена во училиштето, синдикален активист и претседател на синдикалната организација во колективот во 2 мандати. Мислам нема да има проблем во извршување на работата. И тоа што не го знам прашувам и поранешниот директор, а се координирам со секретарот на институцијата за се што треба“, изјави Грговска.
Нејзина идеја е да се направи посебна канцеларија за училишниот психолог, и да се оддели од просторијата која ја користат заедно со педагогот. Доаѓаат кај нив и родители и деца и не се во можност потполно да функционираат, бидејќи се создава метеж.